Промотер

Игор Митровиќ се врати со – „You“ (Лирик ВИДЕО)

Игор Митровиќ се врати со – „You“ (Лирик ВИДЕО)

Поп пејачот Игор Митровиќ, по неколкугодишна пауза, минатата недела ја промовираше новата песна. Станува збор за нумера на англиски јазик, насловена ,,You”, за која текстот го напишал Miceal O’Kane, а музиката е на Бобан Апостолов.

Митровиќ вели дека песната долго време стоела во фиока. Тој живееше во Танзанија, па кога неговиот пријател Бобан Апостолов, кој е композитор и продуцент на песната, му дошол во посета, решиле да ја снимат.

Појаснува дека кога ја снимале песната во Танзанија, имала друг аранжман, малку поинаква мелодија, и планот бил да се промовира надвор од Македонија. Но, се случи панедмијата со корона вирус, па ја одложиле промоцијата.