Радио Милева
среќен роденден

Игор Џамбазов со емотивна честитка за сестра му: „Кога си замина од дома сфатив дека Македонија е премала за тебе, сега тоа го мислам и за светот“

Игор Џамбазов со емотивна честитка за сестра му: „Кога си замина од дома сфатив дека Македонија е премала за тебе, сега тоа го мислам и за светот“
  • Македонскиот шоумен Игор Џамбазов откако има профил на „Инстаграм“ речиси секојдневно објавува нови објави.

Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 95  илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства, романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара….

Meѓутоа, тој овојпат објави фотографија од неговата сестра Тања Џамбазова која повеќе од 30 години не живее во Македонија и упати честитка по повод нејзиниот роденден.

-Кога пред 30 години си замина од дома, сфатив дека Македонија е премала за тебе. Сега тоа го мислам и за светот.
Среќен ти роденден, систер!“, напиша Џамбазов покрај фотографијата.


Инаку, сестрата на Игор работи како Tecxnologos whisperer  во компанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.

Таа во една прилика истакна дека многу и недостига Скопје и родната земја.

-Игор. Игор. Игор. Тато. Мојот најдраг тато од кого научив дека во животот можеби треба малку и на себе да се мисли. Борче. Мама. Биби, мојата втора половина, чувачот на сите мои тајни. Мојот столб Тања Нацевска. Јуриј Гагарин. Фидан Бојлија мачорот. Кучето скитник Линда кое по една година дневно дружење, шинтерот го уби пред мои очи. Високата пунџа и беспрекорната кошула на учителката Љупка. Училишна торба поголема од мене. Диско „Мусандра“. Гастон, ах Гастон. Тања Ефремова и „вранглерки“. Креативноста на тетка Милена. Игор. Снимањето на „Волшебното самарче“. Алумина и пластика. Зелничето на баба. Пакување половина куќа за регуларниот тримесечен годишен одмор во Градиште. Рибарење во 5 наутро. „Охридско лето“. Фризерската соба во театар. „Бриџ“ со дедо. Скијање со чичко Мирче. Белата капа и жолто-бел-црн костим за капење на тетка Кача. Таа и мама – кафенце, цигари и многу смеење (со тато и чичко Мирче како главен извор за инспирација). Јана и Уна. Игор. Театарски претстави. Многу убави театарски претстави. Нова година кај Палчо, првата средба со вермут: 7 лустери, 6 лустери, 5 лустери, 4 лустери… Мирисот на театарската сцена. Чичко Душко. Лариса. Ручеци кај баба и дедо. Лиле на Диме. „Леб и сол“. Лидија Георгиевска. Горазд Поповски. Игор Баци и Зако. Маврово. Архитектонски факултет и Живко Поповски. Игор. Пеење серенади под балконот на војничката зграда кај Зоолошка. Група „Раскољников“. Милиот Сергеј. Ајвар! Млечник и кох од мама. Горан Адамовиќ. Штокче. „Буре барут“ и Дејан“ изјави Тања во една прилика.

Потсетуваме, во 2016 година Тања го изненади Игор кога допатува од САД и се појави  на Саемот на книгата каде што Игор имаше промоција на неговата нова книга „Умрен човек“

фото: инстаграм/игор џамбазов

Останати вести од Радио Милева