Радио Милева
роденденско полнолетство

Игор Џамбазов слави роденден: На денешен ден пред 40 години станав полнолетен (ФОТО)

Игор Џамбазов слави роденден: На денешен ден пред 40 години станав полнолетен (ФОТО)

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов денес, го слави својот роденден.

Во негов стил, на својот инстаграм-профил сподели слика со едноставен дизајн „58“.

„На денешен ден пред 40 години, станав полнолетен“, напиша Џамбазов во описот на сликата.

Под објавата се редат илјадници честитки и желби од неговите бројни обожаватели и пријатели.

 

Среќен чале“, напиша актерката Јелена Јованова, „Да си жив и здрв омилен човеку. Остани одличен како петката и бесконечен како осмицата“, „Уште толку да си дочекаш, па после кој сака нека умира“, „Да си ни жив и здрав и секогаш среќен, легендо“, „Младичу, среќен роденден. Среќата е важна, годините не! Важно да ти се множат а да си ни ти здрав и жив“, беа само дел од честитките.

А неговата сакана, Илина Арсова роденденот му го честиташе на уникатен начин.

Нашата позната алипинстка на својот инстаграм-профил сподели „Среќен роденден љубов моја“ со цртеж во облик на срце.

А потоа следеше и принтскрин фотографија од нивен видео разговор.

Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/ ilina_arsova

Останати вести од Радио Милева