Промотер

Игор Џамбазов сака да ве потсети дека… многу му е премалку во – „Love is so Good“ (ВИДЕО)

Игор Џамбазов сака да ве потсети дека… многу му е премалку во – „Love is so Good“ (ВИДЕО)

„Love is so Good (многу ми е премалку…)“ е најновата песна на македонскиот шоумен, актер и пејач Игор Џамбазов.

Текстот и музиката се дело на Игор, а аранжманот е на Мите Димовски во чие студио  „Тра ла ла“ песната и е снимана и продуцирана.

Инструментите во песната ги свират врвни македонски музичари – инструменталисти  како: Гуру Харе (гитара), Дамир Имери (клавијатури), Оливер Јосифовски (бас), Владимир Крстев (виолина) и Мите Димовски (тапани).

Песната е визуелизирана со видеоспот кој го потпишува „Охо“ продукција, истата онаа продукциска куќа која стои зад ТВ проектите како детскиот серијал „Пет плус“ или ТВ серијата „Преспав“.

Камерата е на Тони Величковски, а монтажата на Сашко Потер.

Спотот е сниман на Попова Шапка, а покрај кадрите од таму, во спотот се прикажува и дел од ликовното творештво на неговата партнерка, македонската планинарка и ликовен творец Илина Арсова.

Проследете како звучи и изгледа кога Игор Џамбазов сака да ве потсети дека… Многу ми е премалку во „Животот е убав“: