Радио Милева
музичка честитка

Игор Џамбазов на необичен начин (им) го честиташе „Денот на здравјето“: „Мерси, за тоа што си ти…“ (ВИДЕО)

Игор Џамбазов на необичен начин (им) го честиташе „Денот на здравјето“: „Мерси, за тоа што си ти…“ (ВИДЕО)

Македонскиот актер, водител, пејач, писател, шоумен… и што ти уште не, „мултиталентираниот естрадно-културен мултипрактик“  Игор Џамбазов е оригинален по многу нешта, па така својата креативна оригиналност најде начин како да ја искаже и во ова време-невреме на борба со корона пандемијата.

Откако претходно го компонираше, отсвире, испеа и сподели на социјалните мрежи својот „Вирус блуз“, Џамбаз, кој ионака е познат како „птица-селица“ низ Македонија, го спакува торбичето и замина… Правец – Дојран!

Иако локалните власти и градоначалникот на овој наш мал туристички бисер јавно кажаа дека забрануваат посета на туристи и закуп на хотелски и приватни капацитети на подолг период, додека трае вонредната состојба, за Игорче тоа не важи. За Џамбазов, кому Дојран му е како втор дом, направен е исклучок, па мајсторот сега таму ги минува деновите во изолација, чекајќи ова невидливо зло да помина.

 

View this post on Instagram

 

Самоизолација…27ми ден…@tatjanadzambazova

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Но, Џамбаз не може да седи со скрстени раце, па како што е редот, покрај се друго, се досети како да им го честита  вчерашниот „Ден на здравјето“ – 7. април, на здравствените работници кои се во првите редови фатенио ви костец со „невидливиот непријател“. И не само на лекарите, медицинските сестри и целокуппниот медицински персонал, туку и на полицалците, пожарникарите, војската, трговците, продавачките, пазарџиите, касиерките, возачите, таксистите… и сите други кои заради природат на својата работа, не можат да не работат и да бидат во изолација, а со тоа го носат и најголемиот товар на свој грб, но и најголемиот ризик да бидат не дај Боже, заразени!

На сите нив, од името на Македонија, Игор им изрази едно големо…Благодарам!  И тоа на оригинален начин!

Џамбаз ја зема гитарата в рака, ја вклучи камерата на мобилниот и со песна или поточно со музичка честитка и куса порака им го честиташе 7. април, „Денот на здравјето“ на нашите „херои од првите борбени редови“ во војната со короната.

Музичката честитка на Игор изгледа и звучи, вака:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Останати вести од Радио Милева