Промотер

Игор Џамбазов и Гуру Харе покажаа како би звучело кога Пепи Бафтировски и Гери Мур би седеле на иста маса и би ја напишале легендарната – „Заветна“ (ВИДЕО)

Игор Џамбазов и Гуру Харе покажаа како би звучело кога Пепи Бафтировски и Гери Мур би седеле на иста маса и би ја напишале легендарната – „Заветна“ (ВИДЕО)

Однеодамна во радискиот етер може да се слушне нова, овој пат во многу поинаква верзија на антологиската патриотска фолк балада  „Заветна“, која своевремено оригинално ја изведе и маестрално ја испеа македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски. Песната, овој пат сработена во блуз манир е последната снимка на дуетот Игор и Игор (Игор Атанасоски – Харе и Игор Џамбазов).

Во најавата  за песната Џамбазов на својот Инстаграм ќе каже: Ова  наше видување на легендарната ‘Заветна’, испеана од Пепи Бафтировски, звучи како кога по некоја случајност  Пепи Бафтировски и Гери Мур, би седеле на иста маса и би ја напишале оваа песна“! – при тоа честитајќи им ја Новата Година на сите со истата.

Инаку „Завтна“ која со текот на времето стана своевидна, неофицијална втора македонска химна е дело авторскиотм тандем, браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски.

„Идејата беше моја, а Џамбазов со воодушевување ја прифати. Снимана е во текот на септември во студиото „Тралала“ на Мите Димовски“ – ќе изјави Гуру Харе.

Аранжманот  за блуз верзијата го изработил Гуру Харе,  а покрај Џамбазов во снимањето учествуваа членовите на „Гуру Харе бенд“: гитара – Игор Атанасоски-Харе, тапани – Златко Михајловски – Бумбар, бас – Трајко Симоновски – Таци, клавијатури – Филип Димишковски, додека придружните вокали на оваа верзија на „Заветна“ ги испеала поп ѕвездата Тамара Тодевска.

Видеозаписот пак за песната го потпишуваат Гоце Трајковски – Тарантино како режисер и Стефан Меновски кој ја направил монтажата, а во видеото се користени материјали од филмската архива на „Кинотека на Македонија“.

Како звучи  антологиската „Заветна“  во новата блуз верзија на Гуру Харе и Игор Џамбазов, визуелизирана со  видеозаписот за истата, проследете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Промотер