Радио Милева
младолика и во зрели години

И покрај турболентниот живот, годините одлично и стојат: Српската актерка изгледа како бомба иако е во 62-рата година (ФОТО)

И покрај турболентниот живот, годините одлично и стојат: Српската актерка изгледа како бомба иако е  во 62-рата година (ФОТО)

Гордана Бјелица е српска актерка, која стана позната по мегапопуларната серија „Среќни луѓе“,  во улогата нао Беба, секретарката на познатаиот директор Попара.

Имавме можност да ја гледаме и во играни серии како „Ѕвездара“ и „Породично благо“, а пред неколку години беше учесничка во реалното шоу „Фарма“, каде што беше многу забележлива.

Актерката е родена во Обреновац во 1959 година, а нејзината последна улога засега е во „Ургентниот центар“ каде го толкуваше ликот на Милена Арсиќ.

Нејзиното бакнување со покојниот Екрем Јевриќ и пејачот Ера Ојданиќ привлече големо внимание во „Фарма“, а особено шокираше кога се дозна дека откако излегла од ова ријалити, немала пари  ниту за такси да си оди до дома.

Во последно време актуелна е и нејзината ќерка Теодора која ги следи актерските стапки на мајка си.

Иако многу се зборуваше дека Гордана ја добила Теодора како вонбрачно дете со покојниот новинар и воен аналитичар, а последно и амбасадор на Србија во Руската федерација, Мирослав Лазански, а тој никогаш не ја признал како негова ќерка, актерката избегнува да зборува за тоа и истакнува дека сама ја израснала.

Фото: Инстаграм принтскрин/gordanabjelica8888

Останати вести од Радио Милева