Радио Милева
сам

И овој познат пејач и композитор по погребот се појави на гробот на Марина Туцаковиќ: „Ја испратив во тишина“

И овој познат пејач и композитор по погребот се појави на гробот на Марина Туцаковиќ: „Ја испратив во тишина“

Познатиот текстописец, Марина Туцаковиќ која почина по тешко боледување од опасната болест, вечера  (29.09.2021) беше погребена.

Поради пандемијата со коронавирусот, погребот на Марина Туцаковиќ беше во кругот на семејството и најблиските пријатели, колеги.

На погребот освен семејството присуствуваа и Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, Мина Костиќ, Милан Калениќ, Дејан Матиќ.

Почитувајќи ја желбата на семејството, музичкиот директор на „Гранд“ и композиторот Александар Милиќ Мили не се појави на испраќањето на Туцаковиќ во вечниот дом. Исто така, тој вчера ја примил и втора доза на вакцина, па затоа и не можел да присуствува.

Меѓутоа, тој во својот авотмобил почекал да заврши погребот и да си заминат сите луѓе, па потоа дошол на гробот на Марина, оставил цвеќе и запалил свеќа. Таму се задржал околу еден час и си заминал дома.

По тој повод се огласи и Мили и ги потврди овие пишувања.

„Точно е. Почекав да си заминат луѓето бидејќи семејството така сакаше. Во тишина бев на гробот на Марина. Ние соработувавме сите овие години, па посакав сам да ја испратам“, изјави Мили за нова.рс

фото: александар јовановиќ циле/инстаграм/милиграмофициал/горан тодоровиќ

Останати вести од Радио Милева