Радио Милева
И тоа се случува

И најдобрите грешат: Шеф Марк откри дека му се случува да згреши во готвењето и тоа само поради една клучна причина (видео)

И најдобрите грешат: Шеф Марк откри дека му се случува да згреши во готвењето и тоа само поради една клучна причина (видео)
фото:шоу магазин/фејсбук/сител тв

Шеф Марк Де Јонг гледачите секој работен ден имаат можност да го гледаат годека ја презентира својата маестралност во готвењето во шоуто „Брза кујна“. Овој пат повторно беше на шоу, на истата фреквенција на телевизија Сител, но во шоуто „Магазин“.

Марк во таа прилика откри доста детали од неговиот живот во Белгија и Македонија во изминатите седум години откако е тука, а зборуваше за бракот со неговата сопруга Василка. Секако, неизбежна тема беше јадењето и готвењето.

фото:шоу магазин/фејсбук/сител тв

Марк вели дека од македонската кујна омилено му е тавче гравче, но ова традиционално јадење секогаш го подготвува неговата сопруга Василка, а тој едвај чека да го дегустира.

Познатиот готвач  и дома е задолжен за поспецифични јадења, особено оние од француската кујна, но како што вели и тој знае за згреши поради една клучна причина.

-Ми се случи два или трипати да го погрешам јадењето дома заради немање расположение. Верувајте ми, чудно ми беше тоа и сопругата ме прашаа: „Што ти е денеска, има нешто во јадењето што не оди“. Навистина, не бев расположен, па само од таа причина го утнав јадењето. Не беше на нивото на кое секогаш  го подготвувам. Затоа велам, љубовта и расположението при готвењето се чувствуваат и во јадењето. Чудно, ама така е!“ – вели Марк и додава дека сосовите му се специјалност.

-Сопругата најмногу ги сака сосовите што ги правам, бидејќи во секое јадење треба да има сос, тоа е француска кујна. Тоа е вкусот што ја дава целината на јадењето, вели Марк.

Целосното интервју можете да го погледнете од видеото на шоуто „Магазин“ во продолжение:

Останати вести од Радио Милева