Радио Милева
додека мајкати не ја гледа

И го украде шоуто: Ќерката на Ким Кардашијан позира за папараците во Париз

И го украде шоуто: Ќерката на Ким Кардашијан позира за папараците во Париз

Втората сезона на реалното шоу „Кардашијанови“ заврши со издигнување на нова ѕвезда во семејството: деветгодишната ќерка на Ким, Норт Вест.

Норт, најстарата од четирите деца на Ким со поранешниот сопруг Канје Вест – Сент (6), Чикаго (4) и Псалм (3) – ја придружуваше својата мајка на патувањето во Париз за модната недела.

Таму таа го украде шоуто пред нивниот хотел, каде насобраните фанови почнаа да го извикуваат нејзиното име.

Додека Ким се подготвуваше за ревијата на „Баленсијага“, Норт и нејзината најдобра другарка Рајан (ќерката на Трејси Ромулус) излегоа надвор од хотелот, каде што ги чекаа стотици фанови.

Норт ја стилизираа врвни француски дизајнери, но сето тоа падна во сенка кога се појави фотографија на која држи лист хартија „Стоп“, додека седи во првиот ред на модна ревија на Жан Пол Готје.

Таблоидите коментираат дека ѕвездата во подем, Норт, ја остави мама засрамена поради дивите лудории во првиот ред. А што е најважно, до Ким седи Ана Вентур, највлијателната жена во светот на модата.

Останати вести од Радио Милева