Радио Милева
не им било судено...

И го „скршил срцето“ на Цеца: Овој човек ја оставил фолк дивата заради бившата жена (ФОТО)

И го „скршил срцето“ на Цеца: Овој човек ја оставил фолк дивата заради бившата жена (ФОТО)

Домашната јавност за љубовниот живот на Цеца Ражнатовиќ  знае само преку минималните информации кои се достапни за неа.

Фолк дивата вешто го криеше љубовниот живот од љубопитните очи на јавноста, па дури и да се појават некакви информации, Цеца вешто ќе го насочи фокусот на друга тема, која повеќе и одговара.


Сепак, домашната јавност знае за одредени авантури на познатата пејачка, а нејзината врска со Андреј Кулунџиќ ги изненади сите.

Имено, пејачката и рели возачот се запознале во неговата емисија каде што Цеца гостувала . По првата средба меѓу нив се појавила одредена хемија, а целата работа тргнала многу брзо кон интимна врска.

Како што тогаш објавија локалните медиуми, Андреј се вселил во куќата на Цеца во Љутице Богдана. Но, како што нивната романса се развивала со брзо темпо, исто така брзо и се распаднала и по само три месеци тркачко-естрадната двојка решила да стави точка на целата приказна.

Своевремено извор близок на парот за „Прес“ истакна дека тие всушност и ставиле крај на романсата поради неможноста на обострано задоволство да ги усогласат деловните обврски со приватниот живот.

Но, набргу потоа, некои од српските медиуми објавија дека Андреј и се вратил на поранешната сопруга, а една од причините за распадот на врската со Цеца се крие во неговите емоции кон бившата жена.

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Andrej Kulundzic/cecaraznatovic

 

Останати вести од Радио Милева