Радио Милева

И го покажал половиот орган среде снимање: Фотограф сексуално ја злоставувал познатата пејачка! (фото)

И го покажал половиот орган среде снимање: Фотограф сексуално ја злоставувал познатата пејачка! (фото)
фото:инстаграм/карди би

Во светот на шоубизнисот се појави уште една во серијата приказни за сексуална злоупотреба, бидејќи и популарната американска раперка Карди Би откри имала такво лошо искуство.

Во разговорот со водителката Енџи Мартинез, таа рече дека доживеала сексуална злоупотреба додека снимала фотографии за едно списание.

Сепак, таа не сакаше да го открие името на фотографот, ниту името на списанието за кое се фотографираше, ниту кога се случило тоа.

фото:инстаграм/карди би

– Отидов на снимањето и фотографот се обиде да ми пријде. Тој ме праша дали сакам да се појавам во тоа списание, а потоа го извади пенисот и ми го покажа. Бев толку лута за тоа. Знаете што е лудо? Му кажав на сопственикот на списанието, а тој само ме погледна и ми рече: „Па, што?“, изјави раперката.

Таа додаде дека има многу девојки кои поминале низ слично искуство затоа што тоа се случува секој ден.

– Ако една од овие жени зборуваше за тоа, јас се обложувам дека луѓето би рекле: ‘Па што? Ти си ку*ва. Не е важно “, рече видно револтираната Карди Би.

Останати вести од Радио Милева