Радио Милева
„Данијела секогаш е насмеана“

„Хуљиќи со години доаѓаа кај Данијела и Петар – тој се заљуби во Хана многу порано“: Соседите открија детали од приватниот живот на пејачот

„Хуљиќи со години доаѓаа кај Данијела и Петар – тој се заљуби во Хана многу порано“: Соседите открија детали од приватниот живот на пејачот

Петар Грашо беше 24 години во врска со Данијела Мартиновиќ, а по нивното раскинување пејачот среќата ја пронајде покрај 14 години помладата девојка, Хана Хуљиќ,  ќерката на Тончи Хуљиќ.

Музичарот Тончи истакна дека нема ништо против нивната врска, дека ако тие се среќни и тој е среќен.

„Ако се Хана и Петар се среќни, а како што гледам се среќни, тогаш и јас сум среќен“, изјави Тончи.

Неговата ќерка не сакаше да ги коментира пишувањата дека има нешто со Петар Грашо. Меѓутоа, како што пишуваат хрватските медиуми, Хана Хуљиќ наводно била видена во близина на станот на пејачот.

Данијела и Петар Грашо за време на нивната 24 годишна врска живееја во пентхаус, а сега таму живее само Данијела.

Соседите имаат само пофални зборови за пејачката.

„Хуљиќи со години се собираа кај нив и се дружеа“, вели еден сосед на Данијела и додава дека не го видела Петар Грашо откако се иселил од станот.

„Па подобро и е без него. Данијела како жена одлично се носи со тоа“ вели сосетката.

Таа вели дека често ја сретнува Мартиновиќ во продавница и секогаш е насмеана, но како што вели Петар Грашо не го сретнува како некогаш.

„Грашо многу се заљуби и тоа трае многу подолго и од порано“ вели извор близок на пејачот.

По повод пишувањата за наводната врска меѓу Петар и Хана се огласи и пејачот кој истакна дека никогаш не го коментирал приватниот живот, па нема ни сега.

фото: Весна Лалиќ, Урош Арсиќ/ рассрбија/ инстаграм/ хана хуљуќ/данијела мартиновиќ

Останати вести од Радио Милева