Радио Милева
шок во ТВ дневник

Хрватската новинарка се онесвести среде вести: И се слоши додека правеше интервју во живо, па се сруши на подот (ВИДЕО)

Хрватската новинарка се онесвести среде вести: И се слоши додека правеше интервју во живо, па се сруши на подот (ВИДЕО)

На новинарката на националната ХРТ, Мирјана Посавец и се слоши и се онесвести за време на интервју во живо во ТВ Дневникот на ХРТ.

Мирјана Посавец додека правеше интервју во живо со Игор Петернел од „Домовински покрет“  во еден момент почувствувала слабост, почна да ја губи рамнотежата, да се ниша и тетерави по што ја снема од кадарот. Потоа се слушна тап удар, врз основа на кој можеше да се насети дека новинарот паднала и се срушила на подот.

Соговорникот најпрвин збунет не сфаќајќи што се случува, но веднаш потоа и помогнал, а режисерот брзо се снајде и го префрли кадарот во студиото, каде водителот на ТВ дневникот Ѓурица Дробац, видно шокиран, само рече:

„Се надеваме дека Мирјана е добро“.

Како што пренесува Јутарњи.хр, колегите на Мирјана Посавец од ХРТ рекле дека таа е добро, и дека не ја изгубила свеста, туку дека само и се слошило, и се завртело бо главата ,а по падот веднаш повторувала:

„Добро сум, добро сум“.

Погледнете како изгледаше оваа непријатна ситуација подолу:

Останати вести од Радио Милева