Радио Милева
колекционерски патриотизам

Христијан Мицкоски со синовите Јован и Антониј подготвени да навиваат за Македонија: „Тројцата мускетари“ го комплетираа албумот на „Панини“ за ЕУРО 2021

Христијан Мицкоски со синовите Јован и Антониј подготвени да навиваат за Македонија: „Тројцата мускетари“ го комплетираа албумот на „Панини“ за ЕУРО 2021

Претседателот на најголемата и најбројна партија во Македонија, ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покрај своите бројни политички активности и  обврските на факултетот како универзитетски професор, важи и за добар сопруг и посветен родител, како татко на своите  деца.

Така, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ секој миг од своето слободно време го користи да биде со своите  два малолетни сина – Јован и Антониј кои со тато Христијан меѓу останатото се и  „најдобри другари“.

Еуфоријата заради првиот историски пласман на фудбалска Македонија на едно големо натпреварување како што е престојното ЕУРО 2021 се’ повеќе расте, за полека да ја достигне својата кулминација на денот на одигрувањето на првиот натпревар. Во меѓувреме, официјалниот албум со сликички на „Панини“ на репрезентациите учеснички на  ЕУРО 2021 и нивните фудбалери е убаво  загревање, одлична увертира не само за пасионираните колекционери, туку за сите нас, па сликичките за кои владее невиден интерес како никогаш досега, ги собира и старо и младо, полнејќи го албумот.

Ги собираат сите, ги собираат и тие тројцата: Христијан Мицкоски и неговите синови Јован и Антониј… Или поточно, малите колекционери вчеравечер го израдуваа тато дека ги нашле и залепиле и последните пет сликички што им недостасувале и со тоа го комплетирале албумот.

Радосната вест „тројцата мускетари“ ја соподелија и на социјалните мрежи. Поточно тато Христијан ја сподели на својот Фејсбук профил каде објави неколку фотографии  покрај кои напиша:

„Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа…, го наполнивме албумот, не оној семејниот, туку оној од ЕУРО 2020, со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост.
Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно…, и секако навивањето за нашата Македонија!“

Фото: Фејсбук принтскрин/Hristijan Mickoski

 

Останати вести од Радио Милева