Вистаграм

Хотелот со 10 соби на островче долго 250 метри за кој се зборува – колку чини ноќевање во него?

Хотелот со 10 соби на островче долго 250 метри за кој се зборува – колку чини ноќевање во него?

Островот Хамнескар е едно од најветровитите места во Шведска. Сместен е во архипелагот којшто е околу 5 километри оддалечен од шведското западно крајбрежје и првиот град Марстранд.

Поради ограниченоста на расположлив простор, изложеноста на ветер, но и недостаток на плодно тло, Хамнескар долго време се сметал непристоен за живот.

Но, кога на него бил изграден монументалниот светилник Патер Ностер во 1869 година за да им пружа помош на морнарите во навигацијата низ морето, на него почнале да се развиваат помали заедници.

Некои луѓе изградиле помали куќи, па секој ден живееле како што им диктирало морето. Кога брановите биле превисоки за бродовите да стигнат до копното и да набават храна, жителите преживувале јадејќи сè што ќе им се најде при рака – најчесто јаделе ракчиња.

Светилникот бил затворен во 1977 година, па целосно бил напуштен или барем така било до летото 2020 година кога група локални ентузијасти го изнајмиле островот од државата, го преуредиле светилникот и отвориле интересен хотел.

Шармантниот хотел со име Патер Ностер брои 10 соби со прекрасен поглед кон море, а иделано место е и за сите оние кои сакаат накратко да се изолираат и да уживаат во мирот и тишината.

Оние похрабрите можат да скокнат и во ладното море, а потоа да се згреат во едно од двете џакузија на островот.

Не мора да носите сендвичи со себе, ниту да ловите риби за да ја задоволите гладта. Таму има и прекрасен ресторан којшто служи шведски специјалитети од најсвежи риби и морски плодови од морето.

 

фото:Инстаграм/ извор:Точка.ком.мк