Љубов и Секс

Хороскопски знаци кои важат за најљубоморни во врска

Хороскопски знаци кои важат за најљубоморни во врска

Секој хороскопски знак има специфични особини и е автентичен, но оние негативните најчесто се покажуваат во љубовните односи.

Астролозите истакнуваат дека меѓу хороскопските знаци може да се издвојат најкреативните, оние со одличен хумор, знаците кои важат за најголеми песимисти, па дури и оние кои се најмногу љубоморни.

Кога станува збор за љубомората, во зодијакот се издвојуваат овие три знаци:

Лав
Лавовите се неверојатно горди, ако се посомневаат во партнерот, нема да се помират со таквата ситуација. На Лавовите најважно им е да знаат дека за нивниот партнер тие се единствени.

Иако имаат голема самодоверба, може неосновано да го обвинат партнерот. Склони се да се натпреваруваат во пријателството, но и во работата.

Скорпија
Второто место на листава го заземаат Скорпиите, кои се строго моногамни и истото го бараат од партнерот. Дури и најневин коментар упатен кон друга жена го сметаат за предавство.

Често бираат успешен и харизматичен маж, но може да бидат љубоморни на неговите постигнувања, деловни патувања и ретко присуство во близина. Од друга страна, Скорпиите се многу бистри, страсни и емотивни.

Риби
Немаат темперамент како Лавовите и Скорпиите, па ќе се запрашате од каде љубомора кај Рибите? И тие се многу емотивни и чувствителни, но и непредвидливи, па кај нив може да се појави љубомора од различни причини.

Расположението на Рибите се менува многу брзо, склони се на преувеличување и сомнежи. Ситуацијата се влошува со фактот дека Рибите не се особено сигурни во себе, па секое отстапување на партнерот од вообичаеното однесување може да го толкуваат како неверство.

Но, со вистинските зборови, посветено внимание и нежности лесно ќе се вратат во добро расположение.

извор: Кајгана