Љубов и Секс

Хороскопски знаци кои важат за најдосадни во кревет

Хороскопски знаци кои важат за најдосадни во кревет

На некои луѓе на првото место им е сексуалното задоволство на партнерот, додека други важат за себични и егоисти, па оставаат впечаток на досадни личности, пишува „Wanted“.

Дознајте кои се најдосадните знаци кога станува збор за сексот:

Девица

Познато е дека за Девиците никој не е доволно добар и тоа сакаат да им го дадат до знаење на луѓето. Замеруваат за секоја ситница и можат да го уништат доброто расположение за секунда. Уверени се дека тие се најдобрите љубовници и никој не може да им парира.

Јарец

Големи егоисти се, бараат од другите да прават само тоа што ним им одговара. Ни малку нема да се потрудат за партнерот да ужива во сексот. ако забележите дека не ве гледаат во текот на сексот, тоа е затоа што си замислуваат друга личност.

Риби

Емотивноста на Рибите претставува маана кога станува збор за сексот. иако ќе се обидат да ги сокријат чувствата првите неколку пати, брзо ќе го покажат своето вистинско лице. Немојте да се изненадите ако се расплачат во текот на самиот чин.

 

Рак

Обожуваат да разговараат. Пред самиот чин сакаат да ја коментираат ситуацијата во која моментално се наоѓате. Но, приказната не застанува тука. Раковите продолжуваат и во текот на љубовниот чин и многу се критични ако нешто не им се допаѓа.

Понекогаш инсистираат на љубовни изјави и се лутат ако не го добијат тоа што го сакаат.

Извор:Кајгана.мк