Љубов и Секс

Хороскопски знаци кои ги спуштаат критериумите плашејќи се да не останат сами

Хороскопски знаци кои ги спуштаат критериумите плашејќи се да не останат сами

Некои луѓе се сосема океј со помислата да не формираат долга врска што ќе трае до крајот на животот. Други не можат ни да го замислат тоа.

Со текот на годините често се случува луѓето да ги спуштат критериумите при изборот на партнер, плашејќи се дека нема да ја најдат љубовта на својот живот и со тоа да останат сами.

Ова обично се случува кај следниве знаци:

Стрелец

Стрелецот кај секого може да најде нешто што му се допаѓа, што е добра особина. Тие сакаат да се забавуваат и се дружат со многу различни луѓе. Имаат големо срце, но и проблеми со врзувањето. Штом врската ќе почне да наликува на нешто сериозно, Стрелецот губи интерес. Бидејќи не сакаат да им биде скршено срцето, полесно им е да бидат во врска со луѓе со кои знаат дека нема да се поврзат. Сѐ само да не останат сами со себе.

Риби

Љубовта е исклучително важна за Рибите. Тие се многу фер кога се во врска и понекогаш им даваат шанса на луѓето затоа што ги сожалуваат и затоа што не сакаат да ги повредат. Проблемот со Рибите кои сакаат да бидат несебични е што затоа се согласуваат на многу помалку од она што можат да го имаат и заслужуваат. Припадниците на овој знак не бараат многу, бидејќи ги спуштиле критериумите колку што можеле, па често завршуваат со оние кои не се достојни за нив или за нивната љубов.

Овен

Многу работи им се случуваат на Овните во животот, па немаат ниту време ниту енергија да ги дискриминираат оние кои сакаат да се забавуваат со нив. Сакаат да излегуваат и да се забавуваат, но како и сите други можат да се чувствуваат осамено. Припадниците на овој знак се импулсивни и можат да пристапат некому дури и во продавница и да го замолат да оди на пијачка само затоа што таа личност им се насмевнала. Освен тоа, Овните се нетрпеливи и не сакаат да губат време во потрага по совршената личност. Кога ќе почувствуваат дека им е време да се смират, завршуваат со личноста која е тогаш во моментот со нив.

Водолија

Водолијата е позната по тоа што има широк спектар на луѓе со кои може да се дружи. Таа е многу независна и понекогаш може да се однесува дистанцирано и резервирано. Искажувањето емоции може да им предизвика непријатност, па кога ќе влезат во врска, обично не бараат емотивна врска. Тие повеќе би сакале да се гледаат со повеќе луѓе без драма отколку да бидат во врска со една личност која бара емотивна врска. За да не останат сами, ќе прифатат какво било партнерство.

Вага

Вагите знаат да бидат површни и да бидат понесени од нечиј изглед до тој степен што не обрнуваат внимание дали се компатибилни со него. Тие трошат премногу енергија на погрешни работи, наместо да проверуваат дали некој има вредности и интереси слични на нивните. Не е невообичаено Вагите да се забавуваат со некој со кој не се согласуваат само затоа што таа личност е привлечна. Може да се рече дека Вагите ги спуштаат критериумите за себе, сѐ додека личноста е „друштвено прифатлива“.

Јарец

Овој знак има високи стандарди во однос на неговата личност, но тој е многу флексибилен кога станува збор за луѓето со кои излегува. Понекогаш се случува Јарецот да не сака да биде предвидлив и да си игра на сигурно, па да се забавува со некој кој никако не му одговара. Припадниците на овој знак ги ценат традиционалните вредности, но тоа не значи дека не им се случува да бидат со некого исклучиво за забава, без да размислуваат дали врската ќе прерасне во нешто посериозно. Во нивната замисла за иднината тие се гледаат со семејство и ќе го имаат по секоја цена, дури и со некој кој не им одговара 100%.

извор: Кајгана