Радио Милева
Ги стигна казната

Холивудската актерка и нејзиниот партнер осудени на затворска казна поради силување и злоупотреба на 13-годишно девојче

Холивудската актерка и нејзиниот партнер осудени на затворска казна поради силување и злоупотреба на 13-годишно девојче

Судот во Нотингем вчера ја прогласи за виновна познатата актерка, но и нејзиниот сопруг по шокантните обвиненија за силување и сексуална злоупотреба на малолетно девојче.

Актерката Зара Фитијан (37) и нејзиниот сопруг Виктор Марк (59), ќе се најдат зад решетки затоа што се прогласени за виновни по повеќе точки за различни видови сексуално злоставување во моментот кога жртвата имала само 13 години.

Жртвата тврди дека парот снимил поголем дел од злоставувањето, а сето тоа се случувало меѓу 2005 и 2008 година, кога таа била стара 13-15 години. Пред грозниот чин, тие на девојчето ѝ дале алкохолен пијалак, а потоа ѝ зборувале никому да не му кажува што правеле.

„Знаев дека тоа не е во ред, но едноставно не знаев како да се извлечам од оваа ситуација, ниту пак знаев што би кажала“, изјавила жртвата пред полицијата.

„Се сеќавам дека тогаш се обидував да ја копирам Зара и да бидам како неа во секој поглед“.

Зара Фитијан и Виктор Марк ги негирале сите обвиненија, но по 12 дена од судењето тие се прогласени за виновни. Додека им била изрекувана казната, парот се држел за раце, а „Daily Mail“ пренесува дека Фитијан плачела и имала ужасен израз на своето лице.

Како што пренесуваат британските медиуми и самата Зара го запознала својот сопруг на сличен начин. Како и споменатото девојче, и Зара била дел од училиштето за таеквондо на Марк. Во моментот кога се запознале таа имала само 14 години, а тој 37, а наводно во љубовен однос стапиле кога таа наполнила 19 години, а Марк тогаш се развел од својата тогашна сопруга Џулиет.

Во тоа време Виктор Марк бил еден од највлијателните тренери во боречките вештини во Велика Британија и се наоѓал на чело на Светскиот конгрес на здружени боречки вештини.

„Кога ќе прифатите некој како свој господар, мора да слушате сè што тој бара од вас, да кажете или пак да направите. Тоа е како да си роб – ти си во милоста на својот господар“, изјавил неименуван извор кој некогаш тренирал со Зара и Виктор и истакнал дека мајсторот на боречките вештини ја користел својата моќ за да ги контролира младите девојки и доминирал над нив.

Инаку, Зара глумеше во филмот на Марвел – „Доктор Стејнџ“ заедно со Бенедикт Камбербеч, а работела и како каскадерка и како инструкторка по боречки вештини.

Наводно Виктор Марк го препознал нејзиниот потенцијал штом таа се запишала во неговото училиште и од самиот почеток ѝ посветувал многу внимание.

„Беше очигледно дека Зара му е омилена ученичка, а таа го обожаваше тлото по кое тој одеше. Беше многу чудно кога изјави дека се заедно, пред сè поради разликата во годините. Џулиет беше скршена затоа што ја остави сама да го одгледува нивното дете“, додал за медиумите анонимен извор.

фото:профимедиа

Останати вести од Радио Милева