Љубов и Секс

Хит на интернет: Фитнес тренер демонстрира вежби за подобра с*ксуална акција (ВИДЕО)

Хит на интернет: Фитнес тренер демонстрира вежби за подобра с*ксуална акција (ВИДЕО)

Иако сето тоа можеби го прави само заради популарноста, експертите од магазинот “Men’s Health” велат дека воопшто не греши.

Фитнес моделот Патрик Точтерл најде начин да ги спои двете омилени работи – тренингот и сексот, а резултатот привлече големо внимание.

Имено, на неговите снимки можете да видите како покажува разни вежби, совети и идеи за максимално да уживате во акциите во кревет.

Едно од неговите најгледани видеа е она во ке демонстрира рутина за мобилност, за која тој тврди дека „ќе ја подобри сексуалната игра“.

Во него изведе четири движења: отклонување на грбот, две варијации на вежба за отворање на колковите и кревање на ногата во седечка положба.

@patrick_toechterle🔞💦 ##fy ##fyp ##foryou ##foryoupage ##ukfit ##ukfitness ##ukfitfam ##fitboy ##ukboys ##italianboy ##germanboy ##workouttips ##workout ##glutes ##glutesworkout ##uk♬ Bad Habits – Ed Sheeran

Иако сето тоа можеби го прави само заради популарноста, експертите од магазинот “Men’s Health” велат дека воопшто не греши.

Истегнувањето и мобилноста се важни за одржување здрав и квалитетен сексуален живот. Основните вежби, како што се склекови, чучнувања и исчекори, ќе ја зголемат силата на долниот дел од телото и опсегот на движења, додека вежбите за колковите ја зголемуваат силата за каубојската положба.