Радио Милева
подарок

Хероината од „Медена земја“, славеше роденден, а по тој повод Сузана Турунџиева организираше хуманитарно дело: На аукција продаден портретот на Атиџе Муратова (фото)

Хероината од „Медена земја“, славеше роденден, а по тој повод Сузана Турунџиева организираше хуманитарно дело: На аукција продаден портретот на Атиџе Муратова (фото)

Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова славеше роденден, а по тој повод Сузана Турунџиева организираше хуманитарно дело: На аукција продаден портретот на Атиџе.

По тој повод, нејзината пријателка, пејачката, водителката, писателката Сузана Турунџиева организираше хуманитарна акција.

Имено, Сузана на својот „Фејсбук“ објави дека на аукција се продава портретот на Атиџе и дека парите од продажбата ќе и бидат дадени лично на Муратова.

Драги пријатели,

-Вечер точно на полноќ стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58 роденден на нашата Атиџе Муратова Планирано е тоа да биде 24 часовно наддавање за уметничко дело – портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Саше Милевкси во техника акрил на платно, со димензии 90х 70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да и ги подари на Атиџе.

-Добредојдени сте сите кои сакате да се вклучите во наддавањето кое ќе биде јавно, транспарентно, во коментари на овој пост.

-Почетна сума за наддавање- 10000 денари. Наддавањето започнува точно на полноќ и трае до утре на полноќ. Секој кој ќе си дозволи коментар или порака со било каква навредлива содржина или говор на омраза ќе биде блокиран, отстранет од листа на пријатели и пријавен кај фб администратор, напиша Турунџиева покрај фотографијата од портретот на Атиџе.

Потоа,Турунџиева откри дека портретот е продаден од страна на анонимен купувач со потекло од Битола, но кој живее надвор од Македонија.

-Ех Битола моја, секогаш си со мене! Сопственик на портретот на Атиџе Муратова изработен од уметникот  Саше Милевски е анонимен купувач, кој географски е многу далеку, ама срцето и душата му се секогаш во Битола. Благодарност до сите кои и го честитавте роденденот на Атиџе, а најголемо БЛАГОДАРАМ за гестот на уметникот кој ја понуди сликата за да и го разубавиме роденденот на Атиџе, напиша Сузана на својот „Фејсбук.

Инаку, Атиџе и Сузана станааа добри пријателки, па често може да ги видиме во заедничко друштво. Покрај тоа, двете дами и снимија и албум насловен како „Пола тебе, пола мене“.

фото: принтскрин/фејсбук/сузана турунџиева

Останати вести од Радио Милева