Радио Милева
„Тања не е за него“

Хаос во домот на босанскиот политичар со кој Тања Савиќ наводно имала афера: Неговото семејство не знаело за врската со пејачката?

Хаос во домот на босанскиот политичар со кој Тања Савиќ наводно имала афера: Неговото семејство не знаело за врската со пејачката?

Регионалните медиуми веќе неколку дена пишуваат дека српската пејачка Тања Савиќ наводно имала афера со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.

Како што пишува курир.рс, семејството на Драшко било шокирано кога од медумите дознале дека тој имал афера со пејачката.

„Тања и Драшко се криејаа, тие започнаа да се гледаат додека Драшко беше во врска со Кристина со која требаше да се венча, но таа го остави бидејќи дозна за неговата афера со пејачката. Меѓутоа, неговото семејство кое е многу моќно не знаеше дека тој се гледа со Тања и дека свршеницата го остави токму поради тоа. Кога медиумите започнаа да пишуваат за тоа, неговото семејство седна да разговара со него, тој не призна дека имал врска, но не ни негираше дека тука нешто се случува. Тие јасно му ставија до знаење дека не ја подржуваат неговата врска и дека Тања не е жена за него. Најверојатно тоа е така бидејќи таа има две деца за кои мора да се грижи и поради нејзините проблеми со се уште законскиот сопруг Душан, па не сакаат Драшко да се меша. Долго време траеше тој разговор“; вели изворот кој го познава градоначалникот и додава:

„И  на него не му годи што медиумите пишуваат за него. Тој и објави на Тања дека најдобро е да не се гледаа и слушаат додека не се смири ситуацијата. На Тања не и беше сеедно, но кажа дека ја почитува неговата одлука. Тој не и кажа дека разговорал со неговите родители и дека тоа било пресудно да не се гледа со неа“, тврди изворот.

Инаку, неодамна кога ја прашаа Савиќ за врската со политичарот, таа не сакаше многу да коментира. На прашањето дали е заљубена, таа одговори: „Зарем не се познава?“

фото: дамир дершвишагиќ/инстаграм

Останати вести од Радио Милева