Радио Милева
затегната и украсена

Хајди Клум блеска во мини фустан и осигурани нозе од 2 милиони долари (ФОТО)

Хајди Клум блеска во мини фустан и осигурани нозе од 2 милиони долари (ФОТО)

Германската манекенка Хајди Клум буквално блесна во фустан со светки на забавата на модната куќа Долче и Габана.

Хајди Клум за свечениот настан се појави во мини фустан со светки кои ги истакнуваат нејзините долги и затегнати нозе. Како што можете да видите од фотографијата, креацијата на Хајди е доста специфична – украсена е со сребрени светки, но и голем шлиц од градите па се до крај.

 

Што се однесува до фризурата, манекенката се одлучила за едноставен стил, а за вечерната забава на модната куќа „Долче и Габана“ ги пуштила златните прамени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Покрај опуштената фризура, Хајди се одлучила и за впечатлива црна шминка, која прилега на нејзиниот изглед.

Иако Хајди Клум има 48 години, многумина се согласуваат дека славната манекенка изгледа многу помладо, и дека оваа убавица важи за една од најубавите и најпривлечните жени на планетата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


По овие фотографии на кои во преден план се нејзините витки нозе, не е чудно што манекенката ги осигурала на два милиони долари, при што едната нога е поскапа од другата.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/heidiklum

Останати вести од Радио Милева