Промотер

Гуру Харе и Тања Тас заедно во уште една своја попатна музичка станица ви ја претставуваат – „Бројаница“ (ВИДЕО)

Гуру Харе и Тања Тас заедно во уште една своја попатна музичка станица ви ја претставуваат – „Бројаница“ (ВИДЕО)

Македонскиот гитарист и автор Игор Атанасовски попознат на јавноста под уметничкиот псевдоним Гуру Харе, има новата инструментална песна. Овој пат во соработка со Тања Тас пејачка на групата „Темпера“.

Песната се вика „Бројаница“ и покрај Тања како вокал, во нејзината реализација учествувале Дамир Имери на Хемонд органа и Мите Димовски на тапани. Автор на музиката, текстот и аранжманот е самиот Гуру Харе, кој исто така ги свири сите гитари.
Песната е снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ кај Мите Димовски кој ја потпишува музичката продукција на „Бројаница“.

Тања Тас го направила и видеото со кое е илустрирана оваа баладична рок-блуз тема која е вокално лирична, амузички помалку поитсетува на нешто помеѓу сентиш темите на првите албуми на Марк Нофлер и неговите  „Dire Straits“ и музиката на Крис Риа… Можеби најмногу заради гитарскиот призвук и начинот на кој се отсвирени гитарските делници иако заради емотивно отпеаниот вокал песната води во еден сосема друг правец.

Во секој случај „Бројаница“ е тема што логично ја продолжува низата на разноличност, а сепак со препознатлив гитарски печат на еден од најавтентичните и највпечатливите македонски гитарски мајстори и рок/блуз автори, Гуру Харе.