Промотер

Гуру Харе и Игор Џамбазов ја преработија во блуз верзија антологиската – „Заветна“ (ВИДЕО)

Гуру Харе и Игор Џамбазов ја преработија во блуз верзија антологиската – „Заветна“ (ВИДЕО)

Однеодамна во радијскиот етер може да се слушне нова, овој пат во многу поинаква верзија на антологиската фолк балада  „Заветна“ која своевремено оригинално ја изведе и маестрално ја испеа македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски. Песната е сработена во блуз манир е последната снимка на дуетот Игор и Игор (Игор Атанасоски Харе и Игор Џамбазов).

Во најавата  за песната Харе напишал: Ова е наше видување на легендарната ‘Заветна’, испеана од Пепи Бафтировски. Кога по некоја случајност би се сретнале Пепи и Гери Мур, тоа би звучело вака…. Поздрав, Харе“!

Инаку „Завтен“ која со текот на времето стана своевидна, неофицијална втора македонска химна е дело авторскиотм тандем, браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски.

„Идејата беше моја, а Џамбазов со воодушевување ја прифати. Снимана е во текот на септември во студиото „Тралала“ на Мите Димовски“ – изјавил Гуру Харе за гостиварското Radio G – 106,4 MHz.

Аранжманот  за блуз верзијата го изработил Гуру Харе,  а покрај Џамбазов во снимањето учествуваа членовите на „Гуру Харе бенд“: гитара – Игор Атанасоски-Харе, тапани – Златко Михајловски – Бумбар, бас – Трајко Симоновски – Таци, клавијатури – Филип Димишковски, додека придружните вокали на оваа верзија на „Заветна“ ги испеала поп ѕвездата Тамара Тодевска.

Како звучи  антологиската „Заветна“  во новата блуз верзија на Гуру Харе и Игор Џамбазов, проследете од нивната жива изведба во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

;

Останати вести од Промотер