Радио Милева
последен поздрав

Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се збогуваа од Аки Рахимовски: „Збогум пријателе, остави голема празнина“

Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се збогуваа од Аки Рахимовски: „Збогум пријателе, остави голема празнина“

Пејачот Аки Рахимовиќ почина на 67 години, а членовите на групата  „Парни ваљак“ на својот „Јутуб“ објавија емотивно видео со кое се простија од фронтменот на групата.

Пејачот почина во саботата (22.01.2022) откако му се слошило додека бил на прошетка со сопругата.

Од Аки преку социјалните мрежи се простија и многу познати личности меѓу кои Владо Георгиев, Никола Роквиќ, Жељко Самарџиќ, Калиопи…

 

Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се прости од Аки. Имено, станува збор за галерија од фотографии од Аки, а во позадина се емитува песната „Јесен у мени“.

-Збогум пријателе, ни остави голема празнина и големи сеќавања, напишаа членовите на бендот.

Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи утре 27-ми јануари во 15 часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите.

Останати вести од Радио Милева