Радио Милева
тагата не престанува

Гордана Шаулиќ разочарана од пресудата за убиецот на Шабан Шаулиќ: „Тажни сме, во тој човек не видовме дека се кае“

Гордана Шаулиќ разочарана од пресудата за убиецот на Шабан Шаулиќ: „Тажни сме, во тој човек не видовме дека се кае“

Семејството Шаулиќ е разочарано од пресудата за Турчинот Алсин Левент, кој е обвинет за сообраќајната несреќа во која почина Шабан Шаулиќ.

Имено, тој добил казна затвор од 3 години и три месеци.

По тој повод, вдовицата Гордана Шаулиќ се обрати со јавно соопштение.

-Тажни сме и разочарани, не поради казната бидејќи знаевме дека германските закони не даваат високи казни за вакво дело. Ние сме тажни бидејќи после три години од несреќата ни видовме ни грам каење кај тој човек одзема два животи. Судот и обвинителството професионално си ја завршија работата и сме им благодарни поради тоа, упатуваме благодарност и до сите оние кои од денот на самата трагедија до денес ни дадоа огромна поддршка, а тоа се милион луѓе во светот. Горди сме бидејќи не го заборавија Шабан. Со ова се става крај на една агонија која не следи од 17 февруари, но и болка за изгубен сопруг, татко, дедо кој засекогаш ќе остане дел од нашите животи, изјави Гордана Шаулиќ.

За потсетување, Шабан почина во сообраќајна несреќа во Германија кога се упатил кон аеродромот за да се врати во Белград.

 

Останати вести од Радио Милева