Радио Милева
љубов и благодарност

Горда на семејството, но и на годините: Фолк пејачката Татијана Стефановска го прослави 37-миот роденден (фото)

Горда на семејството, но и на годините:  Фолк пејачката Татијана Стефановска го прослави 37-миот роденден (фото)

Македонската фолк пејачка  Татијана Стефановска не е премногу активна на социјалните мрежи и не објавува фотографии од секојдневието, за разлика од нејзините колешки. Таа ги изненади сите кога се реализираше како мајка бидејќи ја криеше бременоста и тогаш  не објави ниту една фотографија од нејзината блажена состојба. Но откако се породи,  мама Татијана  многу повеќе обожава јавно да ја покажува наследничката која сега е потпорасната, а ја доби речиси пред три години заедно со нејзиниот сопруг, музичарот Митко Беќановски.

Атрактивната пејачка еднаш се пофали  за големата помош и поддшка која ја добива од семејството и искажа голема благодарност: „Премногу ми помагаат и многу сум благодарна на тоа. Незнам што би правела без нив. Ова е најубавата работа што може да се доживее, но воедно и најтешката, најодговорната и затоа не знам што би правела без помошта од моето семејство“, изјави еднаш пејачката за „Женски магазин“.

Фолк пејачката која веќе се движи кон петтата деценија овој пат гордо и без комплекси се пофали на социјалните мрежи без да ги сокрие годините, па за нејзиниот роденден на „Инстаграм“ ги остави само сторињата на кои и го честитаат роденденот.

Додека на социјалната мрежа „Фесбук“ им се заблагодари на сите за честитките, па напиша:

„И така…. дојде и 37 – мата година. Ви благодарам за преубавите честитки … да сте ми живи и здрави… одиме понатаму“ – сподели таа со многу срциња и смајлиња во постот.

Без многу помпа само со најважните чувства: Љубов и Благодарност.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејзбук/ Татјана Стефановска

Останати вести од Радио Милева