Радио Милева
роденден

Голема прослава во замокот на Драгана Мирковиќ: Пејачката горда на честитките од семејството (фото)

Голема прослава во замокот на Драгана Мирковиќ: Пејачката горда на честитките од семејството (фото)

Пејачката Драгана Мирковиќ, денеска полни 55 години.

Покрај блескавата кариера и бројните хитови, нејзиниот животен успех е во тоа што луѓето ја сакаат, има најверна публика и обожаватели.

Иако има успешна кариера, Мирковиќ најмногу се гордее со семејството, сопругот Тони Бијелиќ со кој е во брак 24 години и со синот и ќерката.

Колку хармонија и љубов владее во нивниот дом пејачката покажа и на Инстаграм, каде ги сподели нивните честитки.

„Среќен роденден љубов“, напиша Тони, а Драгана одговори: „Ти благодарам љубов“.

 

Потоа ја споделилаи  честитка од синот Марко кој и рекол дека е најдобрата мајка на светот.

„Среќен роденден на најдобрата мама на светот“, ѝ рекол Марко, а Мирковиќ не можела да остане рамнодушна.

„Благодарам на мојот најдобар син на светот“, му одговори таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева