Радио Милева
сѐ за семејството

Гога Секулиќ си ја отвори душата за бившиот сопруг и детето, а и призна дали има нова љубов? (Фото)

Гога Секулиќ си ја отвори душата за бившиот сопруг и детето, а и призна дали има нова љубов? (Фото)

По шест години брак, пејачката Гога Секулиќ неодамна се разведе од сопругот Урош Домановиќ со кој го има синот Василије Андреј. Поради тоа пејачката го напуштила Цирих каде што живеела и со синот се вратила во Белград.

Гога по разводот имаше само пофални зборови за поранешниот сопруг, а го опиша како културен тип кој никогаш не и правел проблеми, а сега откри во каква врска се и во моментов.

„Не е за верување но навистина  ништо не се смени, откако сме физички раздвоени последните година и пол. Урош е во Цирих, јас и син ми сме тука, имам работа тука, но и да не бидам, секогаш сѐ би жртвувала за доброто на детето, работа и љубовта “ – признала Гога.

На прашањето дали и е тешко да се прилагоди на новиот начин на живот, Секулиќ одговорила:

„Навикната сум да го поминувам животот сама, секако со поддршка од семејството и сестрата, но не е лесно кога си сам со дете. Станувам во 6 часот, го подготвувам за во градинка, одам да пазарувам, го носам кај логопед, одам да  вежбам, но добро, сето тоа се слатки маки“ – вели пејачката.

Со оглед на тоа што пред бракот важеше за една од најфаталните девојки во градот, многумина се радуваа кога стигна информацијата дека Гога повторно е соло. Но, таа се уште не размислува за нови додворувачи и нова љубов.

„Немам нитолку многу додворувачи, но можеби тоа е затоа што не се движам низ градот. Сега немам ни време за тоа“ – заклучила таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/sekulicgoga

Останати вести од Радио Милева