Радио Милева
Животна приказна

Годините поминаа, а таа тотално се промени: Популарната Есмералда повеќе не личи на себе (фото)

Годините поминаа, а таа тотално се промени: Популарната Есмералда повеќе не личи на себе (фото)

Актерката Летисија Калдерон нашата популација ја сакаше поради улогата во прославената мексиканска теленовела, сега има 54 години, а популарната Есмералда денес изгледа вака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lety Calderón (@letycalderon79)


Ликот на Есмералда ги освои срцата на многумина и тие се поистоветија со тажната судбина на слепото девојче кое го одгледала една старица во шумска куќарка бидејќи на раѓање ја помешале со нејзиниот син. Тој израснал во богато семејство, а подоцна Есмералада и истото момче се заљубуваат, а нивната љубовна приказна станува глобално популарна.

Уште како мала, Летиција покажа голема љубов кон актерството, на 13 години за прв пат отиде на кастинг, но не ја доби улогата, но со упорност, следната година го имаше своето телевизиско деби.

Нејзината кариера одеше по нагорна патека, а во 1997 година стекна меѓународна слава со улогата на Есмералда и сè уште е активна како актерка и снима теленовели.

Актерката во екот на популарноста минувала низ еден од најтешките периоди од животот и, како што признала, паднала во пеколот на зависноста, а пресвртница во нејзиното закрепнување е кога нејзината пријателка и починала на раце поради предозирање.

– Бев млада, на врвот на кариерата, полна со пари и се ми беше достапно. Непромисленоста можеше да ме чини живот – изјавила актерката во 2013 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lety Calderón (@letycalderon79)

Една од најпосакуваните латиноамерикански актерки во тоа време сега е во шестата деценија од животот и иако сосема поинаква, Есмералда сè уште плени со својата природна убавина.

Во 1997 година, Летиција се омажи за Марко Лопез, но по две години дојде до развод, а потоа се врати заедно со Хуан Коладо, со кој ги има синовите Лусијан и Карл.

Останати вести од Радио Милева