Радио Милева
„Знаеме колку вредиш“

Го запали Инстаграм: Каролина како Бритни Спирс во домашно издание (видео)

Го запали Инстаграм: Каролина како Бритни Спирс во домашно издание (видео)

Во пракса на нашата позната пејачка Каролина Гочева кога има некаков повод, е редовно да се огласува со домашна видео објава на која свири на пијано и пее.

Овој пат, иако навидум немаше повод и напиша дека е само за забава, Каролинче имаше намера и во тоа успеа – да ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм пред концерот кој потоа го најави за 1-ви јули.

Во релаксирано домашно издание таа во своја изведба ја пееше познатата „Токсик“ од Бритни Спирс за што лавина коментари и прегледи не стивнуваа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

„Незаменлива“, „Нека слушне Бритни како треба“, „ Едниствена“, беа само дел од коментарите упатени на сметка на македонското девоче кое веќе следниот ден имаше што да им порача на фановите.

Со задоволство ве поканувам на дружба под отворено небо, заедно да ги испееме песните кои oдбележаа еден цел милениум на спомени и моменти од мојот живот, а се надевам и од вашите срца.

– 1ви јули
– Стадион на АРМ, Скопје;
Ајде да летаме низ времеплов од спомени и емоции, заедно да се потсетиме на оние времиња на кои сите со насмевка се навраќаме.

Влезниците се во продажба од среда (08.06) онлајн на avalon.mk како и низ нивната продажна мрежа низ Македонија. Се надевам дека ќе имаме една незаборавна вечер исполнета со многу љубов – но без облаци и дека после се’, заслужено ќе се опуштиме…. Иии… ќе биде се’ во ред!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

А во ист стил по насловите и стиховите од песните кои ја обележаа нејзината кариера доби и повратни реакции во стилот:

„Колку се картите- две лири?“, Знаеме колку вредиш“ – досетливо и возвратија на што веруваме изнудија насмевка на нејзиното лице.

Останати вести од Радио Милева