Радио Милева
ги подгреа шпекулациите

Го крие стомакот? Маја Беровиќ првпат во јавност по написите дека е бремена (фото)

Го крие стомакот? Маја Беровиќ првпат во јавност по написите дека е бремена (фото)

Неодамна во медиумите се појави вест дека пејачката Маја Беровиќ е бремена.

Таа не се огласи по тој повод, ниту да ги демантира, ниту да ги потврди написите.

По овие шпекулации, Маја првпат се појави на  настап вешто криејќи го стомакот, а со тоа уште повеќе ги покрена шпекулациите дека ќе се реазлира во улогата на мајка.

Имено, пејачката на настапот се појавила во боди, мрежасти чорапи и високи потпетици. Беровиќ преку бодито носела широка кошула, па се поставува прашањето дали сака да го сокрие стомакот или само одлучила да го смени стајлингот.

Претходно, Маја во јавноста изјави дека има голема желба да се исполни во улога на мајка, а како што тогаш рекла, поради кариерата, го чекала вистинскиот момент за тоа.

„Има време за бебе! Се’ уште не сум подготвен за тоа, мојата кариера е на прво место. На некој начин, јас привремено го жртвував потомството заради мојата кариера, ако така може да се каже. Иако, реално, не ни почувствував дека е време за бебе. Кога ќе проработи мојот мајчински инстинкт, ќе работам на бебето“ – изјави таа за медиумите во 2019 година.

фото: инстаграм/маја беровиќ/рас србија

Останати вести од Радио Милева