Радио Милева
секогаш евергрин

Го ископира стајлингот на принцезата Дијана: Кејт Мидлтон ја повтори комбинацијата на свекрвата и предизвика општо воодушевување

Го ископира стајлингот на принцезата Дијана: Кејт Мидлтон ја повтори комбинацијата на свекрвата и предизвика општо воодушевување

Кејт Мидлтон важи за дама која е секогаш добро стилизирана. Никогаш премногу провокативна, секогаш во склад со трендот. Не е тајна дека нејзините комбинации на облека честопати се инспирирани од стилот на принцезата Дијана, а последното издание на трката „Royal Ascot Race“ во 2022 година покажува колку војвотката се обидува да ја рекреира сега легендарната облека на Лејди Ди од 1988 година.

Имено, таа на познатиот настан се појавила во фустан со кафени миди-точки и со изразени прерамки. Станува збор за парче на една од нејзините омилени дизајнерки Алесандра Рич, а фустанот очигледно е инспириран од модата на дамите од 80-тите.

За оваа прилика Кејт решила да носи прекрасни висечки дијамантски обетки со големи бисери кои и припаѓале на принцезата Дијана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)

Бидејќи овој настан е познат по екстравагантните капи, Кејт не се осмели да заостанува зад конкуренцијата, па се одлучи за кафена капа со широк обод, чија боја одлично се совпаѓаше со бојата на точките на нејзиниот фустан. Импресивниот додаток беше украсен со бели цветови и бисери.

Да потсетиме, принцезата Дијана се појави на истото место во многу слична комбинација во 1988 година. Нејзиниот фустан беше до колена и малку потесен за телото.

Лејди Ди го надополнила фустанот со капа во ист дезен и морнарско-бели салонки. Обетките што ги носеше беа слични на оние што ги избра Кејт, со висечки бисери и накит, а до нив стави и бисерно ланче. Гледано од оваа перспектива, би се рекло дека модата не се променила многу во последните 34 години.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/royaladdicted_new/Твитер

 

Останати вести од Радио Милева