Радио Милева

Ѓорѓе Давид од Македонија право во изолација „Поради короната ќерката ја гледам само пред зграда“

Ѓорѓе Давид од Македонија право во изолација „Поради короната ќерката ја гледам само пред зграда“
фото: Инстаграм

Рок пејачот и членот на жирито од „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид бил во Македонија неколку дена пред да се прогласи вонредна состојба во Србија.

Токму поради тоа, тој е во изолација и неколку дена не излегувал од станот. Неговата сопруга Ана и ќерката живеат во друг стан, но редовно се гледаат.

„Се потсетувам на некои кулинарски вештини кои сум ги заборавил, а на социјалните мрежи сум полуактивен. Ако добијам некоја информација од своите пријатели од Италија, ја споделувам. Десциплиран сум бидејќи имаме примери како изгледаат ситуациите кога луѓето не ги почитуваат мерките. Не сум човек кој е психички лабилен, на коронавирусот гледам на нешто што ќе помине“ вели пејачот.

фото: Немања Николиќ

Тој откри дали се плаши за своето здравје.

„Претходниот петок допатував од Македонија, седев со градоначалникот во Гевгелија кога почнав да добивам вести за корона. Тогаш сфатив дека започнува сериозна лудница. Во петок наутро, кога тргнав од Охрид, мојата Ана ми се јави да ми каже што се случува и дека работите се одвиваат пребрзо. Не верував дека толку далеку ќе отидат работите. Докторите со кои се слушам и на кои им верувам, ми кажаа дека дисплината е најдобра“.

фото: Инстаграм

На прашањето дали поминува повеќе време со ќерката, Давид вели:

„Токму поради мојот пат во Македонија не одам во станот каде се наоѓаат Ана и она, туку се наоѓаме пред нивната зграда. Времето го поминува на препорачаната одалеченост. Не сакам ништо да препуштам на случајот, па се однесувам одговорно кон своите најблиски“ вели рокерот.

Тој објаснува дека поради короната никој не пушта во својот стан.

Останати вести од Радио Милева