Радио Милева

Ѓоковиќ се сели од Монте Карло – најде идеална локација, а ова е причината…

Ѓоковиќ се сели од Монте Карло – најде идеална локација, а ова е причината…
фото:новак ѓоковиќ/инстаграм

И додека Новак Ѓоковиќ моментално е во Њујорк, каде се одржува „УС Опен“, нашироко се пишува дека по повеќе од 10 години поминати во Монте Карло, најдобриот тенисер во светот сега ќе го смени своето живеалиште.

И се чини дека се знае каде.

Ѓоковиќ неодамна отпатува во САД среде пандемијата на коронавирусот, на Мастерсот во Синсинати и „УС Опен“. Тој веќе го освои првиот од двата турнири, а целиот тениски свет чека да види дали Србинот ќе го освои 18-от Грен слем во кариерата.

Тоа исто така би значело дека неговиот настап во 2020 година сепак би бил совршен, без ниту еден пораз, но има и такви кои се заинтересирани за се поизвесната промена на живеалиштето на Ѓоковиќ.
Некои српски и странски медиуми веќе шпекулираат каде би можеле да се преселат Ѓоковиќ, а се шпекулира дека тоа е Шпанија! И тоа на југот на Шпанија на пошироката околина на Малага.
Ова место со околу 140.000 жители има исклучителна клима во текот на целата година, и се чини дека главната причина за оваа промена може да биде семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Причината е што Шпанија може да биде подобра за децата на Новак, Стефан и Тара, особено од аспект на социјализацијата. Наследниците на Ѓоковиќ може да одат на училиште таму кога ќе пораснат уште малку.

Ѓоковиќ веќе поминаа време во Марбела оваа година, среде пандемијата на вирусот корона, и очигледно е дека им се допадна.

Сепак, пред да се пресели, прво трофеј на „УС Опен“.

Останати вести од Радио Милева