Радио Милева
бакшиш

Ѓани е „крал на бакшишот“: „За една песна добив 30 000 долари“

Ѓани е „крал на бакшишот“: „За една песна добив 30 000 долари“

Радиша Трајковиќ Ѓани е познат како пејач кој не се срами да направи било што за да добие поголем бакшиш и дома да си замине со повеќе пари.

Така било на еден негов настап за време на неговата турнеја во Америка каде што добил огромна сума на бакшиш.

-Ѓани и Сандра Африка закажаа настапи по Америка и не планираат да се враќаат до Нова година. Во дискотеките каде пејат доаѓаат Срби, луѓе кои сакаат да ја слушат народна музика. Кога Ѓани пее секогаш прави добра атмосфера. Пред некој ден зема бакшиш 30 000 долари, вели извор, а Ѓани ги потврди овие пишувања.

-Публиката е малку подалеку од сцената, па нема класичен бакшиш. Видов дека едно момче ја отвори оградата за да помине еден човек. Не помислив дека доаѓа за да даде бакшиш бидејќи тоа не е правило на клубот, вели Ѓани и објаснува како дошол до бакшишот.

-Човекот викна по мене и видов дека ми даде еден куп пари. Се заблагодарив, но не видов колку има. Потоа, кога броевме, колегите ми велат: „Царе, за песна доби 30 000 долари. Мислев дека се шегуваат, па почнав да бројам. Од озбезбедувањето ми кажаа дека тоа е наш човек, 11 години живее во Америка и тоа му е омилена песна“ изјави Трајковиќ за „Српски телеграф“.

фото: монтажа/шутерсрок/ата имагес/принтскрин/инстаграм/djanimusic

Останати вести од Радио Милева