Мегафон
да се наежиш

Ги замолкнаа „дежурните критичари“: Четири девојчиња ја пеат „Слушам кај шумат шумите“ на Некст Тајм (ВИДЕО)

Ги замолкнаа „дежурните критичари“:  Четири девојчиња ја пеат „Слушам кај шумат шумите“ на Некст Тајм (ВИДЕО)
 Веќе е добро познато дека со секоја преработка се продолжува животниот век на една песна, а кога станува збор за народните песни, изведбите од помлади изведувачи уште повеќе ја доближуваат оваа музика до најмладите генерации.

Доказ за тоа е и ова слатко видео објавено од „Некст Тајм“, во кое четири преслатки девојчиња  патувајќи во автомобил ја пеат „Слушам кај шумат шумите“, чија преработка од браќата Филиповски неодамна  воодушеви огромен дел од македонската публика, иако имаше и такви, кои „на нож“ ја дочекаа кавер верзијата на близнаците.

„Една од главните причини зошто се обработуваат овие стари народни изворни песни“, напишаа браќата, споделувајќи го видеото од веселата дружина, со што им ја „затворија устата на дежурните критичари“. Како изгледаа и звучи  сето ова можете да погледнете во видеото подолу.