Радио Милева
љубовен занес

Ги разгореа страстите: Спејко и Хрисанта со нова жешка поза од одмор „горат“ повеќе од жешките температури (фото)

Ги разгореа страстите: Спејко и Хрисанта со нова жешка поза од одмор „горат“ повеќе од жешките температури (фото)

Откако му заврши љубовно-естрадната сага со модната блогерка и инфлуенсерка, струмичанката Љупка Митрова, кумановецот Дарко Спејко досега не обелодени дали има девојка и е во нова љубовна врска….се до неодамна.

Имено, Спејко на своите профили на социјалните мрежи сподели летна фотографија како гушнат лежи покрај истата онаа дама со која неодамна споделуваше заеднички фотографии. овој пат обајцата очигледно на летен одмор или само викенд, сеедно, ама секако заедно, делуваат прилично интимно… На лежалки во костим и за капење, гушнати или поточно Спејко во нејзините прегратки.

Отука започнаа и шпекулациите дека кумановецот е во љубовна врска поатрактивната пробиштипјанка, Хрисанта Монева. Тој не се огласи да потврди или демантира дека има нова девојка, но затоа тука се нивните заеднички фотографии од летниот одмор.

После Љупка во љубов со Хрисанта: Дали е ова новата девојка на Дарко – Спејко? (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Имено, тие прво споделија заедничко селфи, разголени, испружени на плажа, а веднаш во очи ќе ви падне и бујното деколте на Хрисанта.

Потоа следеше и фотографијата на која тазе парот е во љубовен занес или жешки прегратки. Имено, Спејко на својот Инстаграм објави фотографија на која девојката му седи во скут, доближена до него и за малку нејзините  усни да ги спушти во неговите усни и повторно во фокусот падна нејзините атрибути поточно нејзиниот задник фотографиран во крупен кадар.

Нема сомнеж дека Спејко има добар вкус,  а и дамите знаат што бираат, кога него го одбираат.

фото: Инстаграм/дарко спејко

 

Останати вести од Радио Милева