Живот и Стил

Ги чува бубрезите, коските и ноктите, ги топи килограмите и ја подобрува дигестијата: Овој зеленчук е омилена летна намирница

Ги чува бубрезите, коските и ноктите, ги топи килограмите и ја подобрува дигестијата: Овој зеленчук е омилена летна намирница

Краставицата содржи многу течности во себе, па поради тоа е одлична за врелите, летни денови.

Наместо да пиете огромно количество вода, краставицата ќе ви помогне да останете хидрирани.

Го чува здравјето на бубрезите
Поради високата содржина на вода, краставицата е диуретик и на тој начин помага во ослободување на токсините од телото. Ова може да спречи појава на камења во бубрезите, но и да помогне во исфрлање на постоечките преку мокрење. Овој зеленчук исто така игра важна улога во регулирање на нивото на мочна киселина во телото што помага во одржување на сите органи на уринарниот тракт здрави.

Го поттикнува здравјето на коските, кожата и ноктите
Краставицата содржи калциум, витамин К, магнезиум и витамин Ц кои помагаат во одржување на здравјето на коските. Овие витамини и минерали му се потребни на телото за одржување на густината на коските и побрзо зараснување на скршениците. Освен тоа, краставицата содржи и силициум во траги кој ги олеснува болките предизвикани од артритис и ги зајакнува сврзните ткива како што се косата и ноктите.

Спречува забен кариес и лош здив
Наместо да џвакате гуми за џвакање, доколку имате проблем со лош здив, посегнете по парче краставица. Високата концентрација на вода во оваа намирница спречува сува уста, а нејзината крцкава текстура помага во отстранување на бактериите од усната шуплина кои предизвикуваат непријатен мирис и го стимулира производството на плунка.

Го регулира дијабетесот
Краставицата има низок гликемиски индекс, што значи дека не предизвикува скокови во нивото на глукоза во крвта. Богатата содржина на влакна го забавува варењето на јаглехидратите и шеќерите што за возврат го намалува нивото на глукоза во крвта, а високата содржина на вода спречува дехидратација, што ја прави оваа намирница одличен избор за лицата со дијабетес.

Исто така, салатата со краставица помага во топење на килограмите и ја подобрува дигестијата.

извор:точка.ком.мк