Радио Милева
дај ми „гол“...

Геј афера го тресе српскиот фудбал: Двајца репрезентативци се во секс шема, а едниот се гледа и со синот на познат и успешен српски бизнисмен!?

Геј афера го тресе српскиот фудбал: Двајца репрезентативци се во секс шема, а едниот се гледа и со синот на познат и успешен српски бизнисмен!?

Двајца српски фудбалски репрезентативци се бисексуалци и веќе извесно време се во геј врска, ексклузивно пишува српски Курир. И двајцата ја кријат својата склоност кон истиот пол како змиска нога, а како параван служи тоа што во јавноста се претставуваат како примерни, семејни луѓе. Но, тоа не е се.

Едниот со години е во шема со синот на сопственикот на голема компанија кој исто така се занимава со фудбал. Овој геј љубовен триаголник го разоткри сопругата на еден од фудбалерите кога на заедничко патување наводно случајно наишла на нивните пораки, како на Инстаграм, така и на мобилните апликации Вибер и Вотсап.

„Овој секс скандал меѓу двајца спортисти и син на бизнисмен е поголем од која било афера за која се пишувало досега. Сите тројца во општеството се преправаат дека се стрејт, големи заводници, а всушност сексуално се задоволуваат еден со друг. Жената на едниот знае дека е во врска со бисексуалец, а за другиот не сум сигурна. Но, таа не обрнува внимание на тоа и двајцата живеат повеќе од удобен живот, а и „шараат“ на страна кога ќе им се укаже прилика. Начинот на живот кој навистина го живеат и како се претставуваат во јавноста е небо и земја“ – вели изворот, близок до сопругата на еден од фудбалерите кој сака и жени и мажи.

Според него, се започнало кога синот на тој бизнисмен му предложил на фудбалер со кој се зближил преку пријател да проба секс со маж.

„Имаше девојка, но му се допадна фудбалерот и успеа да го запознае преку пријател. Малку по малку се зближија и станаа неразделни. Честото дружење на неговата сопруга станало сомнително, па на почетокот мислела дека прават оргии со жени. Тоа било точно, но тие жени им служеле само како параван за другите машки пријатели кои биле со нив. Таа жена на секој начин се обидувала да го скара со нив, но колку полошо му кажувала на мажот за тоа момче и целото друштво, толку повеќе го бранел и повеќе се дружел и излегувал со него. Од друга страна, за да не бидат откриении, тие се гледаат тајно и досега нивната врска е толку силна што никој не може да ги раздели, а овој другиот спортист само одвреме-навреме влетува со колегата“ – заклучува анонимниот извор за српски Курир.

Фото: SHUTTERSTOCK/ ILUSTRACIJA

Останати вести од Радио Милева