Мегафон

Гаро Јуниор со своја музичка тема во нова соработка, овој пат со големиот Мајк Штерн – „Nadja’s Life” (ВИДЕО)

Гаро Јуниор со своја музичка тема во нова соработка, овој пат со големиот Мајк Штерн – „Nadja’s Life” (ВИДЕО)

Гаро Тавитјан ја сподели својата нова песна, на која е автор, аранжер, клавијатурист, продуцент и тапанар.  Се работи за соработка со култниот светски гитарист и драг пријател на Гаро, Mike Stern кој преставува еден од најдобрите и најзначајните гитаристи во светот со моќна солистичка кариера прогласен за гитарист на годината во Америка како и во куќа на славните а сам по себе претставува цел стил во Џез и фјужн музиката. Свирејки во 80-тите со гигантот Miles Davis , Џако Пасториус, Били Кобам па се до Степс Ахед итн, тој е еден од најзначајните мајстори на светската музика. Светската компанија „Јамаха“ произведува персонализиран модел на гитара со потпис Мајк Стерн за целиот свет (signature model). На Бас гостува легендарниот Fernando Saunders – басистот (продуцент/вокалист) на Лу Рид, Павароти, Ерик Клептон, Слеш, Јан Хамер, Џеф Бек, Кип Харахан и мн други. Прекрасниот џез вокалист Clivia Tanisi која соработува со Дејв Векл, Џон Патитучи, Том Кенеди, како и Диран Тавитјан , еден од најврвните клавиристи во џез и фјужн музиката во светот.