Вистаграм
пролетна свежина

Галена ги диктира врвните пролетни трендови во 2021-ва

Галена ги диктира врвните пролетни трендови во 2021-ва

Бугарската пејачка Галена одддава чувство на пролетна свежина и виталност со нејзината последна фотосесија.

И покрај ниските температури кои ги придружуваат првите денови на пролетта, цветното расположение и елеганцијата на пејачката им донесе воодушевување на нејзините обожаватели.

По Денот на жената кога пејачката ги израдува своите обожаватели со првите фотографии, следуваа и други. Во фотосесијата доминираат светлите свежи пролетни  бои.

Портокаловата, цикламата и виолетовата доминираат на Инстаграм профилот на добитникот на наградата најпопуларна бугарска поп-фолк пејачка  и внесуваат оптимизам дека претстојат подобри денови.


Модните критичари се категорични дека сите овие светли и живописни бои, кои ќе бидат врвен тренд во пролетта 2021 година, ќе не направат посреќни, порасположени и посвежи – она што на сите ни недостасува и ни е потреба во моментов.

 

 

Останати вести од Вистаграм