Вистаграм

Фризерите едногласно одлучија: Овие 3 нијанси на коса ќе ја одбележат есенската сезона

Фризерите едногласно одлучија: Овие 3 нијанси на коса ќе ја одбележат есенската сезона

Оваа есен ќе биде во духот на посветлите и потопли тонови на коса, а особено ќе се истакнуваат 3 нијанси. Фризерите предвидуваат дека токму тие ќе бидат водечки тренд во наредните месеци.

Русите и црвенкастите нијанси сè почесто можат да се видат на улиците, а она што е најдобро кај сите овие бои е тоа што одлично им прилегаат на повеќето дами.

Експертите велат дека на вистински начин ги истакнуваат цртите на лицето и очите, а истите се доволно интересни што сигурно ќе бидете забележани каде и да се појавите.

Црвена мока

Постојат многу начини на кои оваа боја би можела да се опише, но ќе речеме само дека, ако целта ви е да бидете во центарот на вниманието оваа есен, тогаш таа е идеална за вас. Мешавината од бакар, костенлива и класично црвена боја никогаш не била попривлечна.

Руса со црвени подтонови
Вистинско освежување во текот на тмурните есенски денови се суптилните црвени тонови на руса коса.

Силно портокалова
Ја знаете онаа прекрасна боја на есенските лисја? Токму тоа и е оваа нијанса! Идеална за сите дами кои имаат светлокафеава коса и кои би сакале да направат некоја модерна и привлечна промена оваа есен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gary Corcoran (@garycorcorancolour)

извор: точка.мк