Љубов и Секс

Фрази кои ги изговараат мажите: Еве како да откриете дека ве лаже

Фрази кои ги изговараат мажите: Еве како да откриете дека ве лаже

Ако мажот ви каже дека заслужувате многу подобро од него, тој е во право – продолжете понатаму

Се случува едниот партнер да е подготвен за сериозна врска, додека другиот на секој начин се труди да ја избегне.

Секако, најважно е што поскоро да сфатите на што сте за да не си го трошите времето залудно.

Најверојатно, таа личност нема да се предомисли кога е во прашање односот со вас.

Можеби воопшто не е до вас, туку тој едноставно не ја преболел бившата или не е тип на момче што сака да се обврзува.

Ако мажот каже дека не сака да стапи во сериозна врска со вас, но потоа не излегува со други жени, сака да има незаштитен секс со вас, постојано ви пишува пораки и поминува време со вас, овие постапки може да ве наведат да верувате дека тоа што го кажува доаѓа од страв, а не од реалноста.

Не верувајте во неговите постапки.

Тој ви ја кажува вистината кога вели дека не може да се обврзе. Додека не кажете дека тоа ви е проблем, тој ќе продолжи да се однесува како да може да се обврзе, бидејќи ви ја кажал вистината, а вие не кажавте ниту збор за да не се согласите со него.

Ако вели дека не може да ви биде дечко, подобро е да го слушате што зборува и да излезете од таа врска пред да ве повреди. Се разбира, не можете да натерате никого да ве сака – без разлика колку сте привлечни.

Да и кажеш на девојка дека не сакаш обврска, а потоа да ја третираш како твоја девојка, дефинитивно испраќа различни сигнали. Едноставно е: ако мажот ви каже дека не може да се обврзе, не може.

Ако мажот ви каже дека заслужувате многу подобро од него, тој е во право – продолжете понатаму.

Така ќе заштедите време, но ќе ги поштедите и чувствата кои треба да ги насочите кон оној кој е навистина подготвен да има сериозна врска со вас и кој во ниту еден момент не се предомислува за тоа.

извор: попара.мк