Радио Милева
легендарниот кантавтор доби и своја песна

„Фрајле“ му посветија песна на Ѓорѓе Балашевиќ: „На Панонскиот морнар“

„Фрајле“ му посветија песна на Ѓорѓе Балашевиќ: „На Панонскиот морнар“

Песната наречена „На Панонскиот морнар“ денеска, 2-ри јуни 2021 година  “заплови“ во етерот. Познатите „Фрајле“ од Нови Сад објавија нов сингл, песна посветена на нивниот сограѓанин, легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ кој неодамна почина од последиците од коронавирусот.

Како што објаснуваат девојките, ова е посебна песна во која тие вложиле многу љубов и емоции.

„Таа песна е многу посебна за нас и многу, многу важна. Ние пораснавме со музиката на Балашевиќ. Нашите први спомени од детството, семејни дружења, првите љубови, свирењето гитара, се поврзани со неговите песни. Тој беше нашата куќа, а оваа песна ја напишаа оние девојки кои се смееја и танцуваа по неговиот ритам. Имавме одличен учител и сакаме со песна да му кажеме – Ти благодариме за сè“ – велат „Фрајле“.

Слушнете како звучи нивната музичка посвета „На Панонскиот морнар“:

 

Останати вести од Радио Милева