Мегафон

„Фрагменти од едно постоење“ – ликовна изложба на Анжелика Колева

„Фрагменти од едно постоење“ – ликовна изложба на Анжелика Колева

Ликовната уметница Анжелика Колева на 20 септември (вторник)  во 20 часот ќе ја отвори изложбата „Фрагменти од едно постоење“ во Концепт 37. Ова е шеста самостојна изложба на Колева, која пред публиката ќе претстави 30 нови дела насликани на платно и стари грамофонски плочи.

„Оваа изложба ја поттикна патешествието од година и пол лечење што го поминав откако се оперирав од рак на дојката. Иако во моите дела инспирација е жената, овој пат се водев од самата себе и тоа што го чувствував јас,“ вели Анжелика. Изложбата „Фрагменти од едно постоење“ ќе трае до 25 септември.