Живот и Стил

фотографии кои докажуваат дека со мали промени домот може да го претворите во топла есенска оаза

фотографии кои докажуваат дека со мали промени домот може да го претворите во топла есенска оаза

Домот можете да го трансформирате во удобна есенска оаза со употреба на адекватни детали во традиционални бои за оваа сезона.

На располагање ви се топлите жолти нијанси, впечатливо портокаловите бои, но и сите нијанси на кафеава боја.

Наместо да купувате кауч за дневна соба во некоја од споменатите бои, украсете го моделот којшто го имате со перничиња во актуелните есенски бои или пак со дезен на есенски лисја.

Полиците за книги одново организирајте ги и истакнете ги оние кои имаат корици во есенски бои, а масата во дневната соба украсете ја со свеќа со мирис на тиква.

Во маркетите може да најдете и едноставни и евтини декори кои домот ќе го направат посвеж и прекрасен.

Нови завеси или пак тепих исто така драматично ќе го сменат изгледот на вашиот дом. Внимавајте само на тоа дека треба да комбинирате повеќе бои во една соба затоа што еднобојните простории се здодевни.

извор: Кармин.точка.мк