За некој Новата година е време за нови почетоци и нов изглед, а пак за фолк пејачката Сузана Гавазова е време за нова тетоважа на себе.
Сузе заедно со семејството се уште е во родната Струмица, а таму доби желба да го посети својот тату мајстор и да стави нова боја на себе.
Велат дека доколку еднаш ставиш тетоважа, тоа ќе го направите повторно, а ова непишано правило го потврди и Сузе.

Пејачката веќе има две тетоважи на себе, барем видливи.
Едната е на нејзината рака и тоа направена многу одамна, а пак другата е кај пределот на градите.

Пред тетовирање Сузе го овековечи моментот со селфи и најави дека е подготвена за нова тетоважа на себе.

Што ќе исцрта на себе овој пат, останува да видиме…
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.